Секој вид на живи суштества на планетата земја си има свој сопствен вид на интелигенција.
За некои тоа е свесноста, за некои интуицијата, за трети инстинктот или за некои едноставно рефлексите.
Нагонот за преживување во тек на времето допринел за појава и развој на специфичен начин на однесување преку стекнување на искуство и повторување на постапки кои стануваат одлика на карактерот на живото битие.
Приматите како живи суштества во тој поглед имаат развиено високо ниво на инстинкт на преживување коко и социјализација изразена преку чопоративно живеење во групи кои наликуваат на населби.
Оттука човечкиот вид не е доволно свесен за карактеристиките според кои сме слични со повисоките форми на живот на планетата земја.
Една од најневеројатните фотографии некогаш снимени прикажува како орангутан лови риби со копје, држејки се притоа на гранки од околните дрвја, што сама по себе зборува за високото ниво на интелигенција која ја поседува овој примат.
Фотографијата е снимена во Борнео, Индонезија на островот Каја од страна на фотографот Герг Шустер. Во врска со овој чин заробен на фотографијата самиот Шустер соопштува дека претходно го забележал орангутанот како ги посматра рибарите како ловат риби исто така со копја, но потоа орангутанот го адаптирал овој метод на сопствените можности да се качува по дрвја и држејки се за гранките да го лови својот плен.
Ова не е првпат во природата да се забележи како примати покажуваат високо ниво на интелигенција.
Неодамна на фотографија беше забележан момент како орангутан се обидува со испружена дланка да му помогне на човек заробен во околина во која има наезда на змии.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Што значи Bajram Šerif Mubarek Olsun, а што значи Allah razi olsun?
Почина легендарниот актер Џејмс Ерл Џоунс
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”