БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Убавината на маалската семејна продавница наспроти студенилото и трката по профит на големите синџири на маркети

Пренеси го гласот

Во ера на се поголема глобализација и запоседнатост на пазарот на малопотрошувачките капацитети во вид на големи глобални корпорации, приказната на една маалска продавничка која се бори за свое место под сонцето, се чини е токму тоа што им е потребно на муштериите во претстојниот празничен период.

Том Џонс и неговиот син направија видео реклама за својата семејна продавница, кое ќе ви го стопли срцето повеќе од сите други корпорациски тв реклами и спотови. Ова особено треба да се има предвид бидејќи рекламата е снимена за само 130 долари со синот Артур во главната улога.

Моќта на видеото доаѓа до израз затоа што ја пренесува магијата и убавината на традицијата која ја има оваа семејна продавница, нешто што големите синџири на маркети го немаат.

Душата на оваа семејна продавница е пресликана низ видеото и го доловува празничниот дух на Божиќ кога семејството треба да биде заедно. Дополнително упатува порака за смислата на вредноста да се остане секогаш млад и да не престане човек да верува во Божиќните вредности.

Во изминатиот период во големите трговски центри особено низ Европа, големите корпорации кои управуваат големи трговски синџири на маркети се соочуваат со големи загуби во своето работење. Сите тие потрошувачки капацитети во малопродажбата кои плаќаат огромни закупнини за своите продавници личат едни на други и во услови на брза живеачка им недостига топлина, љубов и индивидуален допир, кои што на потрошувачите им стануваат се повеќе важни во нивното секојдневие. Дополнително развојот на интернет трговијата се одразува негативно на ваквиот корпорациски конгломерат на огромни маркети и синџири на продавници.

bregalnickimarketing

Продавницата на Том и на Артур ја има таа уникатност, таа топлина и љубов во себе, ниеден од тие светски синџири на маркети го немаат, па затоа оваа маалска семејна продавница веруваме дека има иднина наспроти целиот тој огромен корпорациски механизам на општеството.

Креирано од:


Пренеси го гласот