БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Коментар за поврзаноста на Нивици 1 и Нивици 2 и подреденоста на Тито кон Британија

Пренеси го гласот

На сите југоносталгичари и бившо-југословенски македончиња, сега северџани да ви објасни стрико Петар нешто!

Таканаречениот ДЕН НА МЛАДОСТА 25ти Мај е производ на про-британските глобалистички империјалисти!

По Дрвар 1944 година, на 25ти мај, Британците му го спасуваат задникот на Тито, па си го земаат “под кирија“, задникот на Тито, де, а второто раѓање на Тито беше прогласено за нов роденден на Тито, што всушност и беше вистина. Да се избави од силната клешта креирана и изведена лично од Ото Скорцени и неговиот “Баталјон 800“ е вистинско чудо, направо, второ раѓање!
Од тогаш Тито си е само уште еден БРИТАНСКИ ШПИОН кој глумеше БРИТАНСКИ ЛОРД!
Да, Британците му го спасија задникот, ама потоа Тито им ги вршеше работите.
Британците мака мачеа таа 1944 година да ја завладеат Атина, што им успеа дури по 6 месеци улични борби.

Македонските Партизани сакаа да одат на Солун, да се борат против британските империјалисти, но британските слуги Тито, Темпо, Ранкович, Шашич и останатите српски крвници решија до крај да одат … убиваа Македонци преку ноќите, македонските офицери ги снема, просто ги снема!
Тито и српските крвници не му дозволија на Маршал Толбухин да интервенира во граѓанската војна во Грција!

Додека на специјалните британски сили им дозволи преку југословенска Преспа, од зад грб, да ги нападнат партизанските позиции на Вичо Планина. Од страната на Преспа, паризанските позиции беа слабо утврдени, не очекуваа напад од таму, па така беа поразени и потпишаа капитулација во Нивици, 1949 година, во истото место каде Заев и Димитров повторно потпишаа капитулација.
Сталин имаше намера да ја осободи и обедини Македонија, како плацдарм за господарење со Медитеранот, ама Тито кажа решително НЕ, во полза на своите британски господари!
Најинтересно е тоа што неколку месеци подоцна, во Кореја, Сталин интервенираше безкомпромисно и ефикасно!

СССР против целиот запад!

Советските “советници“ им одржаа лекција во секој поглед на западните сојузници, ама во Кина не беше Тито, таму беше Великиот Мао, кој не само што дозволи помошта од СССР да помине преку кинеска територија, напротив, даде неколку милиони доброволци за борба против светскиот империјализам!

А Тито?!?!?!

Тито УБИВАШЕ Македонци за да не се ослободи Македонија!
А вие продолжете со славењето на “денот на младоста“.

Креирано од:


Пренеси го гласот