БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Под мотото “Медицинарите и полицијата се нашите херои” Иџе Стефановски возеше промотивна трка во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака денес ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот.

Во изминатиот период полициските службеници покажаа високо ниво на професионалост, одговорност, но и подготвеност да се справат со сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи покажа високо ниво на организираност и е столбот кој ја обезбедува здравствената сигурност на граѓаните.

На барање на организаторите Министерството за внатрешни работи со своите ресурси даде поддршка на овој настан и со тоа уште еднаш искажуваме голема благодарноста за придонесот кон секој оној кој безпоштедно даваше се од себе во оваа борба.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На денешниот настан упатив благодарност до Иџе за овој гест кој е уште една потврда дека тој е спортист кој го сака својот народ и својата држава. Заеднички посакавме оваа состојба да заврши што поскоро и улиците повторно да бидат полни со луѓе.

Креирано од:


Пренеси го гласот