Моќта на идејата преточена во реалност на најпознатата жена во светот на архитектурата е навистина воодушевувачка.
Заха Хадид е една од најистакнатите архитекти на нашето време. Таа е британски архитект и дизајнер по потекло од Ирак. Нејзиното архитектонско творештв е препознатливо по динамичната употреба на лачните површини за постигање на монументален просторен ефект. Во 2004 година, таа станала првата жена добитник на наградата за архитектура „Прицкер“ за која се вели дека е Нобелова награда за архитектите.
Родена на 31 Октомври 1950 година во Багдад, Хадид е професорка, своето време го исполнува само со работа, идеи , дизајни и вистинитост. Има посебен неофутуристички пристап , кој нејзините дела ги прави уникатни, и речиси е невозможно да ги помешате нејзините дела со нечии други.
Нејзините дизајни се како од вселената, како градби од друг универзум.
Погледнете и уверете се самите!
















СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Горан Таневски со неговиот втор синг “Параходот” најавува незаборавен концерт и нов музички албум
“D’Reamers” со „Таа” го заокружуваат нивниот прв албум
Факултетот за ликовни уметности и Фонтис академијата со заедничка работилница за уметничко истражување