БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден е роден авторот на првиот Македонски балет, композиторот Глигор Смокварски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

СМОКВАРСКИ, Глигор (с. Будинарци, Беровско, 8. V. 1914 – Скопје, 15. Ⅲ 1974) – композитор.

Претставник на Втората генерација македонски композитори. Се школувал во Военото музичко школо во Вршац. Најнапред бил кларинетист во Симфонискиот оркестар, а потоа и композитор и педагог. Во историјата на македонската музика ќе остане забележан како автор на првиот македонски балет „Македонска повест“(1952). Покрај тоа, напишал уште низа оркестарски композиции и други дела, педесетина композиции за камерни состави, за хорски ансамбли, како и голем број обработки на народни песни за симфониски оркестар. Пишувал и музика за филм. Се занимавал и со мелографија на народни песни.

Во своето творештво главно се инспирирал од богатиот македонски фолклор. Во текот на својот живот извршувал и други важни функции (прв секретар на СОКОМ и др.). Делата на Смокварски можат да се сметаат како важно скалило во развојот на македонското музичко творештво.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поголемиот дел од нив во последната деценија на ⅩⅩ век имаа своевидна ренесанса, и се снимени и издадени на носачи на звук. ДЕЛ: Македонска повест, балет (1952); оркестарски композиции и други дела: Фантазија бр. 1 (1945), Скерцо (1951), 11 Октомври, симфониска поема (1955), Рапсодија бр. 1 (1956), Стихија, симфониска поема (1970), Болен Дојчин, балет во три чина (1971); композиции за камерни состави: Гудачки квартет (1954), Дувачки квинтет (1974); за хорски ансамбли и др.; музика за филм („Селскиот учител“, 1953; „Фрески“, 1957). М. Кол.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace