Денес, 20 април 2026 година, во кампот за обука „Пепелиште“, со свечена церемонија беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група, во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената команда за операции на НАТО.
На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа: командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Љулзим Нуредини и командантот на Првата пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, како и претставници од Командата за операции.
Вежбата „БЛЕСОК 26“ претставува значаен исчекор во континуираниот развој на оперативните способности на Армијата, потврдувајќи ја нејзината подготвеност, професионалност и посветеност кон исполнување на највисоките национални и НАТО стандарди. Воедно, таа ја реафирмира улогата на Армијата како кредибилен и сигурен партнер во рамки на колективната безбедност на НАТО и придонесува кон зајакнување на довербата, интероперабилноста и заедничкото дејствување со сојузниците.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!