Вчера 06.11.2026 година во Мултимедијалниот центар во Спомен Домот АСНОМ во Делчево беше презентиран Идејниот проект за изградба на нов експресен пат кој ги поврзува општините Кочани- Виница и Делчево.
На презентацијата од страна на Инвеститорот- Јавното претпријатие за дравни патишта (ЈПДП) и приватната проектантска куќа која го работи проектот беа презентирани сите релевантни елементи кои што се дел од техничкото решение на овој децениски а можеби и вековен проект по своето значење за Делчево.
Според презентираните елементи од страна на проектантите, станува збор за експресен пат кој што во голема мера наликува на автопатско решение со две коловозни ленти во двата правци по една коловозна лента кои што се со широчина од 3.5+3.5=7 метри ширина на коловозот на една лента.
Согласно со предложените решенија, трасата започнува пред градот Кочани, како поврзување со постојниот експресен пат, а кон Делчево се разгледуваат две варијанти. Првата варијанта е преку Драгобраште – Виничко и Бигла – Делчевско, во должина од околу 39 километри, додека втората предвидува траса преку Калиманско Поле – Виничко и Илиово – Делчевско, во должина од околу 40 километри, следејќи ја трасата на стариот пат М-27 кон Делчево.

Според досегашните индикации на проектот технички и економски поприфатлива е трасата преку атарот на селото Бигла во однос на повеќе пресметковни параметри од страна на проектантите.. Но конечниот избор на траса ќе биде дополнително предмет на анализа од страна на проектантот, јавноста и инвеститорот по што ќе се заземе конечен став која од понудените две траси ќе се гради.
Проектираната брзина на движење на возилата на двете траси е со 110 км/час.
Во однос на значењето на проектот овој експресен пат е прогласен за проект од стратешко значење од страна на Владата предводена од Премиерот проф д-р Христијан Мицкоски кој што застана со целиот свој кредибилитет и енергија зад реализацијата на истиот откако проектот беше ветен од страна на пратеникот Драган Ковачки кој што на парламентарните избори во 2024 година беше носител на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и ја доби убедливо најголемата доверба од страна на граѓаните со освоени 14 пратенички мандати во Третата изборна единица.
Изминатите месеци интензивно се работеше на конципирање на сите претходни активности кои што се релевантни за реализацијата како во Министерството за Транспорт каде што Министерот Александар Николоски со својот тим исто така посветено е вклучен во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект кој ќе значи силен препород на цела источна Македонија, како проект од национално значење.

Сппоред предвидената динамика идејниот проект и физибилити студијата треба да бидат завршени на почетокот на идната година по што ќе следува нова фаза од реализацијата буџетирање и избор на изведувач кој ќе ги работи и проектот и изведбата на патот.
Изградбата на експресниот пат се очекува значително да го скрати времето на патување. Имено, за разлика од актуелното патување преку постојниот магистрален пат А3, кое трае околу 50 минути, со новата патна врска се очекува времето на патување да се намали приближно за половина.
На презентацијата на проектот присуствуваше и Градоначалникот на општина Делчево како и дел од стручната администрација во ЕЛС Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства
67 годишна жена од с. Дрење, Крива Паланка физички нападната од три женски лица околу недоразбирање со крави кои правеле штета
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука