Денеска на планината Беласица во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет од Струмица се реализираше планинарски марш во чест на Петте струмички студенти.
На маршот учество зедоа млади од цела Македонија, вдахнати од величината на делото на младите Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Сите млади луѓе-Македонци, на возраст од од 20 до 23 години.
Прогонувани од страна на тогашниот комунистички режим за нивните идеи за слободна и независна Македонија петтмината биле уапсени од тогашните безбедносни служби и на подмолен начин фверски ликвидирани на планината Беласица на местото каде денеска присуствуваа поголем број на млади во рамки на овој настан.
Нивната ликвидација била спроведена на 13 август 1951 година во близина на селото Орманли на планината Беласица, до границата кон Грција.
Убиството било спроведено со по два куршума, еден во градите, еден во челото.
Претходно вечерта, тие се собрани од игранка во Градскиот парк, однесени се на Беласица, и – егзекутирани.
Нивните мртви тела покриени со шаторски крила, следниот ден биле донесени пред Општинското собрание, од каде во присуство на нивните семејства се погребани, освен Борис Белев кој е закопан во протестантските гробишта, сите биле погребани надвор од гробиштата.
Сите тие потекнувале од угледни градски семејства.
По убиството се прогласени за народни непријатели.
Семејствата веднаш по настанот им изградиле споменик од бел мермер во вид на отворена книга на кој пишувало дека се УБИЕНИ.
Набрзо, споменикот е искршен на парчиња, …, и се подигнува нов, бетонски… За на властодршците да не им боде очите и пак да го урнат.
Денес, околу гробот стојат неколку парчиња од првобитниот споменик.
Тој настан беше табу тема се до 1991 кога прв пат се одржа парастос за покој на нивните души.
Во 2001 во малиот парк спроти Собранието на општина Струмица беше подигнат и споменик кој во својот долен дел е отворена книга од бел мермер на која се запишани нивните имиња.
Таму е поставен со одредена симболика. Оттаму почнува улицата на која сите тие живееле, од која за последен пат излегле заедно.
Нека им е Вечна им слава на убиените млади студенти за идејата за слободна и независна Македонија.
БЕЛАСИЦО, КРИКНИ И ЗАПЛАЧИ ЗА ТВОИТЕ СИНОВИ. ПЕЦЕВ, БЕЛЕВ, ЈАРМОВ, ТОПЧЕВ И КОСТУРАНОВ!
Во чест на Петте струмички студенти, денеска УМС на ВМРО-ДПМНЕ го изведе планинарскиот марш на Беласица. Млади од целата земја и гости од странство ја искачија патеката која води до местото на погибието на петте студенти.
На 13ти август 1951 година на ова место со интрига на тогашната власт убиени се пет млади луѓе.
На денешниот марш учествуваа над стотина млади, а го предводеше Претседателот на УМС Јован Јаулески и Генералниот секретар Игор Јанушев.
-стои во објавата по повод реализираниот настан на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа на автопатот Штип-Скопје: Тешки телесни повреди здобила жителка на Виница
Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник
Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев