Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(24) и Ф.Ј.(24), двајцата од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“.
На автопатот Скопје – Тетово, на наплатна станица „Гостивар“, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко моторно возило управувано од второпријавениот, била пронајдена марихуана, која тој претходно ја набавил од првопријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Д. (23) од село Волково,скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци “.
Истиот ден на автопатот Скопје – Тетово, на наплатна станица „Гостивар“, од страна на полициски службеници, при преглед на лица и патничко возило управувано од К.Н.(27) од Скопје, и пријавениот како сопатник, била пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија