Денеска (недела, 11.08.2019 година) во Скопје се одржа Основачкото собрание на новиот политички субјект на Македонската политичка сцена- Македонска народна партија (скратено МНП).
Во рамки на работниот дел на собранието на почетокот беа направени воведните обраќања на различните делегации од разни страни на светот кои беа присутни на основањето на новата партија, по што пред присутните во кино салата во Лептокарија беше обзнанет списокот на членови на Иницијативниот одбор за формирање на партијата.
Од името на Иницијативниот одбор пред присутните се обрати Радмила Десовска од иницијативниот одбор на младите на МНП.
Претседателот на Иницијативниот одбор Страшко Олумчев пред присутните ја образложи Програмата на МНП со која ќе настапи пред граѓаните во наредниот период за да ја добие нивната поддршка.
Селото видео погледнете гово живо од видео клипот споделен на фејсбук профилот на Страшко Олумчев во продолжение.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа