На 12 спроти 13 септември 1924 година во Горна Џумаја било извршено претходно испланираното масовно убиство на повеќе Македонци. Масакарот бил дело на Иван (Ванче) Михаилов – Главорезо, близок пријател на генералот Иван Валков кој што пак бил десна рака на цар Борис. Кампањата за ликвидирање на Македонците (кои беа водечки фактори на левицата во ВМРО) започна вечерта на 12 септември во Горна Џумаја. За да се соберат повеќе влијателни луѓе на ВМРО на едно место во Горна Џумаја биле повикани интелектуалци и истакнати луге на левицата со цел да присуствуваат на Конгрес за обединување на сите револуционерни сили во духот на МАнифестот кој што претходно бил донесен од ВМРО.
Не насетувајки ништо невообичаено во Горна Џумаја пристигнале целото раководство на Илинденската организација.: Петар Ацев, Арсениј Јовков, Георги Цанков и повеќе други.
Масакрот на водечките Македонци започнал вечерта на 12 септември 1924 година со убиството на Алеко Василев- Алеко Паша. Од Горна Џимаја оваа крвава кампања за ликвидација на Македонци се преселилам во центрите каде што опстојувала поголема групи на Македонци во Софија, Пловдив, Варна… Убиствата и прогоните траеле повеќе години а меѓу ликвидираните Мкедонци биле: Глигор Атанасов, Арсениј Јовков, Александар Буинов, Георги Пенков, Георги Манолев, Методи Алексиев, Димо Хаџи Димов, Петар Чаулев, Славчо Ковачев, Симеон Кавракиров, Тодор Паница, Петар Говедарчето, Георги Срижовски, Тодор Чопов и други. Биле убиени голем дел од т.н. Санданисти.
Цела Пиринска Македонија била обвиена во црно поради братоубистввените акции на Тодор Александров и Иван Михајлов.
Во периодот 1919-1934 година во Пиринска Македонија биле убиени над 10.000 Македонци. Само за споредба со Сицилијанската мафија во Италија во истиот период од страна на оваа озлогласена криминална група во Италија биле убиени околу 300 луѓе.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По ѕверското мачење на бугарските фашистички окупатори на денешен ден пред 83 години згаснале животите на Страшо Пинџур и Мирче Ацев
Свети Николе наголемо се подготвува за чествувањето на патронот на градот “Св. Николај”
Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево