Општина Кочани распиша повторен оглас за организирање на хепенингот „Денови на кочанскиот ориз 2023“, што ќе се одржи од 27 септември до 5 октомври на целата парцела на Градскиот парк во Кочани.
По пат на јавно наддавање ќе биде избран правен субјект што ќе треба да обезбеди најмалку пет монтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас.
Почетната цена за наддавање изнесува 5 илјади денари, со праг на наддавање од минимум илјада денари.
Јавното наддавање ќе се одржи на 15 септември 2023 год., во 12 часот, во просториите на Општина Кочани.
Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
Целата содржина на јавниот повик е објавена на веб-страницата на Општина Кочани: https://kocani.gov.mk/wp-content/uploads/2023/09/povtoren-oglas642.pdf


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип