Потребни состојки:
- 500 г мелени бисквити
- 250 г шеќер во прав
- 100 г горко чоколадо, рендано
- 150 г маргарин
- 200 г кокос
- 1 шолја млеко
Загрејте го млекото и ставете половина од шеќерот во него да се растопи. Потоа додадете ги мелените бисквити и чоколадото. Постелете едно парче алуминиумска фолија и распоредете ја смесата рамномерно врз неа
Маргаринот изматете го со останатата половина од шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Потоа во смесата додадете го кокосот и сипете ја врз тестото. Замотајте го тестото како ролат и оставете го во фрижидер да се олади.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости