БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот Ковачевски ја поздравува средбата во Тирана, која е во функција на интересот на СДСМ и ДУИ за опстој на владата

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја алармираша Македонската јавност за “шурувањето” на премиерот Ковачевски за средбата на албанските политички лидери од Македонија со исклучок на БЕСА во Тирана со Еди Рама.

Стоилковски предупреди дека наместо премиерот Ковачевски да ја осуди ваквата средба со која Македонија се става во подредена улога на нечии туѓи интереси, тој го фали ваквиот чин, што говори за политиката која што СДСМ ја спроведува целиот овој период.

“Фалењето на тиранската средба од страна на Димитар Ковачевски е потврда за се она што го кажавме за таа средба! Премиер се фали што лидери на политички партии се среќаваат, како ученичиња запишуваат задачи од премиер на соседна држава. Премиер во нормална држава би го осудил таквото однесување, Димитар Ковачевски тоа го пофали затоа што се работи за интерес за пари и за спас на неговата политичка кариера.

Но, затоа, Димитар Ковачевски молчи што е тоа што треба да му исполни на Али Ахмети од тиранската средба во замена за опстојување на власт и продолжување на коалицијата на криминалот и корупцијата?

Од јавен интерес е Димитар Ковачевски да соопшти што е тоа на коешто беспоговорно се потчини пред испорачаното од Тирана одобрено преку празни флоскули и ловорики кон премиер на странска држава? Дали и кои бизнис интереси се побарани, дали и кои отстапки се побарани, дали и кое предавство е на маса?

Ова што го прават Ковачевски и Ахмети нема врска со положбата на Албанците во Македонија, туку со криминални интереси и тендери за поединци.”

-соопшти денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Целата прес конференција може да ја погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот