Во рамки на програмата за работа на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов креирана врз основа на постојаната комуникација и соработка со граѓаните во месец март кој што следува ќе започне реализацијата на проектите за изградба на три нови улици.
Селото Долни Балван ќе добие една нова улица а селото Радање ќе добие 2 нови улици што ќе значат подобри услови за живот зза жителите и решавање на нивните децениски потреби за подобра сообраќајна инфраструктура.
“Започнуваме со планирање на нови улици и нови проекти во патната инфраструктура.
Улица во село Долни Балван и 2 нови улици во село Радање.
На почетокот на месец Март ќе започнеме со реализација на овие 3 улици.
Ветените проекти ги реализираме!
“
-соопшти градоначалникот Виктор Паунов во врска со овие проекти.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
После повеќе од 20 години постоење улици во населбата “Пролет” во Делчево деновиве добиваат нормална сообраќајна инфраструктура
Успехот заслужува признание – Општина Берово ќе наградува ученици и ментори за постигнување на врвни резултати
Уште една компанија ја препозна посветеноста на градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски