Имаше едно време кога идев на театарски претстави во Театар “Центар” (Сегашен Театар “Комедија”).
Во публиката бевме јас и 2 пријателки и понекогаш по некој друг.
Тогаш на сцената го запознав одблизу актерот Мето Јовановски.
Претходно го ловев секој негов актерски израз на неговото диво лице, неговиот неартикулиран говор на тело единствено на малите екрани.
Но таа зима 2001-2002 во општествената депресија во која се наоѓаше Македонија открив нешто што до ден денес не можам да го заборавам: Човечкиот допир на театарот и непосредноста со актерите на сцената не може ни една филмска камера да ги замени на било кој екран.
За тоа најзаслужен беше токму Мето Јовановски.
Претходно кога го знаев само од ТВ екраните ми беше волшебник преку кој обичниот народ се поистоветуваше со ликовите кои ги глумеше на телевизија.
Во театарот гледајќи го пред мене од првиот ред на штиците кои цвилеа при секој негов чекор на сцената тој беше олицетворение на нешто сосема ново за мене… Нешто мистериозно, неразбрано, нешто налик идеал за уметничка трансформација.Моментот кога излегуваше од ролјата која ја глумеше и доаѓаше да се поклони по завршување на претставата се уште ме гребе и копка, како е можно такво нешто…
Од еден лик- чинам некој комунистички главатар од поранешниот систем глумеше (не се сеќавам точно на насловот на претставата) кој на сцената го имаше под контрола секој актерски потег, секоја сцена, секое дејство, кога завесите се спуштаа се претвараше во збунет човек кој стоеше настрана од сите и се поклонуваше, налик ко да не знаеше како… Ролјата која ја играше беше величествена, раскошна, карактерна. После претставата тој беше повторно некој кој неможев да го препознам…
Панчаревец роден од назатутулената катанга во државата… Кој како да не сакаше да заврши претставата…
После толку години навраќајки се на неговото животно дело, сваќам зошто…
Тој за мене остана човекот кој секогаш е тука некаде присутен во тој паралелен свет на уметноста а никогаш доволно препознен во реалниот…
Мето Јовановски за мене е доволна причина да знам дека малиот човек може да создаде нешто вонвременски важно и големо и повторно да остане оној скромен и обичен човек кој што бил пред овој негов подвиг….
Тоа е величина која не често ја може било кој….
Пишува: Анастасов Кирчо
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Еве како може да ја помогнеме на браќата Македонци во Пиринска Македонија за нивно човечко достоинство и слобода
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Шаторите на ДУИ – нов патетичен обид повторно да се закрват Македонците и Албанците!
Во Мегленско за првпат по 1948 година се изведe театарска претстава на локален дијалект на Македонскиот јазик