БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ин мемориам: Петре Прличко- најголем меѓу големите, ѕвезда на едно време

Пренеси го гласот

“У мое време немаше жени со брада”

Петре Прличко

На 13 март во 1907 година во Велес е роден Петре Прличко- актер и режисер- синоним за Македонското глумиште и театар,

Со своите над 8.000 претстави, 32 филма, 6 драмски текста, 11 драматизации, кариера од 66 години Петре Прличко со своето дел си го обезбеди своето место во Македонската историја како еден од највлијателните и најафирмирани актери на своето време.

Со театарот дошол во допир на негова 16 годишна возраст и занаетот го учел на терен со театарската трупа ширум Балканот почнувајки од 1923 година.

Петре Прличко потекнува од меанџиско семејство од каде што го наледил стариот боемски шмек кој ќе го следи до крајот на неговиот земски живот.

Тој бил актер за кого во фелата се зборувало дека талентот за глума му е даден од Бога. Неговата спонтаност, народност, однос со публиката го прават надалеку препознатлив како актер од највисок калибар дотогаш познат на овие простори.

До 1939 година глумел со споменатата аматерска театарска трупа по што во 1941 година бил ангажиран како професионален актер во театарот “Александар I”

Вистинскиот пробив на филмското платно го доживува во улогата на Мандана во филмот Мис Стон од 1958 година.

Филмографија – македонски филмови

• Фросина – 1952 (Главна улога)
• Волча ноќ – 1955 (Главна улога)
• Мис Стон – 1958 (Главна улога)
• Виза на злото – 1959 (Споредна улога)
• Мирно лето – 1961 (Главна улога)
• Солунските атентатори – 1961 (Главна улога)
• Твојот роденден – 1961 (Главна улога)
• Денови на искушение – 1965 (Главна улога)
• До победата и по неа – 1966 (Главна улога)
• Каде по дождот – 1967 (Споредна улога)
• Македонска крвава свадба – 1967 (Главна улога)
• Мементо – 1967 (Главна улога)
• Планината на гневот – 1968 (Главна улога)
• Републиката во пламен – 1969 (Главна улога)
• Жед – 1971 (Споредна улога)
• Македонски дел од пеколот – 1971 (Главна улога)
• Време, води – 1980 (Главна улога)
• Време, живот – 1999 (Главна улога)

Починал на 16 ноември 1995 година.

Негова ќерка беше актерката Анче Џамбазова која пак е мајка на Игор Џамбазов.

Креирано од:


Пренеси го гласот