Младиот Јанко Пенафорт е музичар и пејач од Богота Колумбија. На неговата страница “Колумбиец пее на Македонски” на фејсбук споделува песни со неговиот бенд на Македонска народна музика кои што звучат со целосно македонски сензибилитет, мелос и ритмика, навидум бендот е од МАкедонија.
На ваквиот артистички израз на овој млад колумбиски бенд и неговиот фронтмен многумина квази уметници од соседните држави (особено Србија и Бугарија) можат во огромна мера да му позавидат поради автентичниот македонски музички израз на овој музички состав.
Секако на нивната фејсбук страна луѓево очекуваат коментари забелешки и сугестии врз основа на кои во иднина ќе можат да интерпретираат и други македонски музички остварувања.
Мое име е Jaнко Пенафорт. Јас сум професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија. На оваа страница сакам да ја споделам мојата страст за прекрасната македонска музика. Ви благодарам на сите за вашите коментари и споделувања.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!