БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мајк Тајсон на 58 години во ринг со 27 годишниот Џејк Пол во мечот на годината покажа како се сака боксот

Пренеси го гласот

Фановите на боксот ширум светот споделуваат една заедничка мисла во своите импресии пренесени преку социјалните мрежи во врска со бокс мечот на годината меѓи боксерската легенда Мајк Тајсон и Џејк Пол професионален боксер кој што е на 27 годишна возраст.

Имресиите се огромни за посветеноста и издржливоста на 58 годишниот Мајк Тајсон кој успеа и покрај тоа што со одлука на судиите го загуби мечот сепак ги издржа достоинствено сите 8 рунди на мечот кој што се емитуваше на Нетфликс.

Како што се очекуваше челичниот Мајк убедливо го започна мечот во првите две рунди приредувајки вистински пекол за 31 години помладиот Џејк но потоа од третата рунда натаму Тајсон почна да се троши а наспроти него Џајк Пол го започна својот воинствен подем во мечот.

Од зададени 278 удар со процент на прецизност од 28% Џејк Пол убедливо победи во мечот наспроти скромниот учинок на Мајк Тајсон кој имаше реализација на прецизност од само 18% од вкупно упатени 97 удари кон противникот.

Но и покрај поразот на Мајк Тајсон неговите фанови и воопшто целокупната боксерска јавност се согласуваат во едно а тоа е дека самиот факт што Мајк Тајсон е за 31 година постар од неговиот противник и достоинствено се додржал на нозете во целиот меч и тоа е огромен успех за него како спортист но и за растење на духот на сите боксерски легенди во светот.

Некои фанови дури ваквиот исход на мечот меѓу Џејк Пол и Мајк Тајсон го квалификуваат и како победа за Тајсон.

Креирано од:


Пренеси го гласот