Во најзагадениот град во Источна Македонија покрај реката Брегалница, Кочани стагнира на инфраструктурен план, тврдат во својата прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани.
Дополнително кон оваа лоша слика се придодава и фактот на огромното исселување на граѓаните што е рак рана на целиот Брегалнички регион во последните години.
Како шанса за излез од ваквата погубна ситуација од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја посочуваат посветеноста на локалната и централната власт кон реализација на капитални инвестиции во повеќе сфери- нешто што актуелните власти излажаа дека ќе го направат во периодот кој што е зад нас.
Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани упатена во јавноста во текот на вчерашниот ден:
“Почитувани новинари, почитувани сограѓани,
Македонија, на чело со СДС, станува изгубена, влезе меѓу најсиромашните економии со перформанси на земјите од европската периферија. Додека Македонија тоне во долгови, Кочани сериозно заостанува станувајќи инфраструктурна црна дупка. За само две години ја доби титулата најзагаден град во Источна Македонија, воздухот е отровен, а стапката на иселување е алармантна.
Општината никогаш не била во полоша состојба, не е реализиран ниту еден битен капитален проект, се што ветија излажаа. 99% од ветената програма и на локалните и на парламентарните избори, за жал се само празно слово на хартија.
Прашуваме:
Каде се бомбастично најавените проекти од витално значење за Општина Кочани и зошто никој од власта не зборува за ветувањата на градоначалникот и на Владата?
Зошто од ОО на СДС и од локалната не признаат дека свесно ги излажаа граѓаните?
Каде е гасификацијата на цела Општина Кочани? Каде е старечкиот дом? До каде е финансиската поддршка за секое новородено дете? Каде е новата водоводна мрежа, професионалниот театар, …?
Зошто во екот на зимскиот туризам на Пониква не се користат топовите за вештачки снег и зошто на Пониква сеуште нема служба за спасување?
Со политиките на Зоран Заев и Николчо Илијев, не само што е потрошена сегашноста, туку е нагризан и дел од иднината. Граѓаните секој ден и се почесто чувствуваат како да живеат во рурална општина, далеку од современиот свет. Казната ќе стигне многу наскоро, граѓаните се следат и се паметат.
Тешко е да веруваш некому, кога тој веќе еднаш ти дал причина да не му веруваш !!! “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера