Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во текот на вчерашниот ден беше во службена работна посета на Центрите за социјална работа во Тетово и Гостивар.
Притоа на средбите биле идентификувани повеќе проблематични аспекти на функционирањето на самите центри кои понатаму би влегле во фаза на решавање преку измени на законот со цел за поефикасно остварување на правата за граѓаните во делокругот на работа на министерството.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението за јавност на Министерката за труд и социјални работи Рашела Мизрахи во врска со овие работни посети:
“Со директорите и вработените во Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар разговаравме какво е нивното секојдневие, со што се соочуваат, како можеме да им излеземе во пресрет и како можеме како МТСП да им помогнеме.
Нивната отвореност и висока соработливост беше драгоцена, а искрено наидовме на атмосфера којашто е малку застрашувачка бидејќи сметаме дека ќе се соочат со проблеми како што тие кажуваат коишто се во врска со измените на Законот.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија
Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол
Пронајдени повеќе парчиња нелегална муниција каj жител на с. Ќоселари во општина Лозово