Марко Цепенков е назначајниот собирач на Македонски народни умотворби кој што со своето дело се втемелил во создавањето на Македонскиот литературен јазик но и развојот и афирмацијата на Македонскиот национален идентитет.
Покрај Браќата Константин и Димитар Миладинов и Кузман Шапкарев, прилепчанецот Цепенков во текот на својот 91 годишен живот создал антологиско литературно дело кое се состои од непроценливи кутуролошки, духовни и морални вредности кои што претставуваат неуништив столб за крепење на Македонскиот национален идентитет,
Посебноста и творештвото на Цепенков како собирач на народно духовно богатство во тек од над 40 години посветена работа зборува за животната цел на овој народен човек кој што станал еден од основоположниците на Македонскиот литературен јазик кој што е базиран на одредени говорни наречја кои се дел и од неговото творештво.
Во пишаните изданија на Марко Цепенков забележителна е употребата на буквите гласовите кои ги отсликуваат буквите “Џ” “Ќ”, “Ѓ” и “Љ” пресликани подоцна во Македонскиот литературен јазик и Кирилицата која го отсликува Македонскиот литературен јазик како посебна историска реалност која води генеза длабоко во средниот век, што пак од друга страна не е својствено за користење на овие гласови во современиот Бугарски јазик.

Според познатите извори Марко Цепенков успеал да собере над 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.).
Ова нарпдно творештво според познатите извори е собирано од страна на Цепенков од Прилеп и неговата околина, како и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско од голем број на луѓе кои му го пренесувале сопственото знаење и индивидуална меморија.
Цепенков е автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По ѕверското мачење на бугарските фашистички окупатори на денешен ден пред 83 години згаснале животите на Страшо Пинџур и Мирче Ацев
Свети Николе наголемо се подготвува за чествувањето на патронот на градот “Св. Николај”
Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево