БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали би гласале за партијата на Санела Шкриељ која дава 1800 мкд преку буџетот на владата како помош за средношколци?

Пренеси го гласот

На прес конференција пратеничката Санела Шкријељ од СДСМ стоејки пред графички банер на кој пишува “Повеќе за сите” со ознака “СДСМ”- де факто партиска прес конференција на која злоупотребува јавни ресурси на сите граѓани на Македонија за партиски цели- добивање на политички поени за остварување на глас повеќе на најавените претседателски и парламентарни избори.

На партиската прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ агитираше дека учениците во основно и средно образование како и студентите, ќе добијат определена финансиска помош од владата предводена од СДСМ и ДУИ и тоа го претставува пред медиумите и јавноста како “грижа за сите”.

“Грижата за сите е темелот на нашите мерки и политики со кои создаваме еднакви можности и подобри услови на секој човек.

Со новиот, 9 ти пакет антикризни мерки обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари.

Помагаме повеќе за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза.

Во наредните 6 месеци по 1.800 денари месечно добиваат 35.000 ученици од средно училиште.

Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, финансиска поддршка по ученик.

Со мерката се опфатени и учениците од основното образование. Во наредните 6 месеци по 1.200 денари месечно добиваат 70.000 ученици од основно.

Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година по ученик.

Вкупниот опфат само со оваа мерка се 105.000 ученици.

Дополнително, за 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.”

-рече Санела Шкријељ на партиска прес конференција од штабот на СДСМ.

После ваквите финансиски бенефиции за основците, средношколците и студентите и нивните родители се наметнува прашањето дали овие споменати суми на пари од страна на Санела ќе бидат доволни за остварување на задоволителен животен стандард до наредните избори во 2028 година за кога веројатно СДСМ под претпоставка да креираат влада по изборите во мај 2024 година, повторно ќе ветат некој ваков институционален коруптивен пакет за остварување на политичка корист од пари на сите граѓани само за партијата СДСМ. И тоа во услови кога сите високи партиски функционери на позиции во владата испумпуваат огромни суми на пари на свои лични сметки во форма на вртоглави суми на плати и службени бенефиции кои им следуваат на функционерите на СДСМ кои се дел од извршната власт.

Друго прашање е законската регулација на злоупотребата на пари на сите граѓани за пропагандни цели за потребите на владеачката партија СДСМ и надлежноста на заспаните јавни обвинители и судски органи кои на јавна сцена ја премолчуваат ваквата очигледна институционална корупција и грубо мешање на партијата на власт и институциите на државата во функција на остварување на политички бенефит на СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот