БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На 29 Јули во 904 година арапите го освоија Солун

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опсадата на Солун во 904-та година од страна на Сарацените била една од најлошите катастрофи во Византиското царство во 10-от век.

Арапската флота предводена од Лав од Триполи тргнала да го нападне Константинопол, но наместо тоа свртела кон Солун откако бил одбиен нивниот напад кај претстолнината на Византија.

На овој начин Византиската одбрана била целосно изненадена, така што нивната одбрана не можела навреме да ја подготви својата флота за одбрана на Солун. Надворешните ѕидини на градот особено оние кон морето биле во состојба на поправки, а двајцата одговорни команданти за одбрна на Солун издавале конфликтни и збунувачки наредби.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По кратка опсада во која биле уништени надворешните ѕидови од страната на морето, совладана одбраната на градот, Сарацените го освоиле на 29-ти Јули 904 година. Дивеењето на арапската коњаница и пешадија продолжиле цела недела низ градот при што биле ослободени 4000 претходно заробени арапски војници, биле заробени 60 византиски бродови и над 22000 претежно млади заробеници. Многумина од овие заробеници подоцна биле откупени или разменети со арапски заробеници од страна на Византиската Империја.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace