БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се пошокантни податоци излегуваат на површина поврзани со пропаѓањето на Еуростандард Банка и со десетици фирми поврзани со струмички бизнисмен блиски на поранешната власт на СДСМ и ДУИ.

Според информации од извори блиски до истрагата дел од парите на Еуростандард банка биле префрлани во Турција каде требало да им се загуби трагата.

Над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција покажува истрагата на надлежните органи околу случајот на Крмзов. Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен за злоупотррба на парите. Биле подигани пари од Еуростандард банка а тие биле префрлани на сметки во Турција. Поврзаноста на членови на семејството Крмзов според индикациите на истрагата наведуваат на спрега и со Јавното Обвинителство за чии предмети за кои постоел сомнеж за криминал веројатно биле чувани во фиока од поедини обвинители. На ваков начин нашите извори наведуваат дека било овозможени злоупотреби, без кои немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во целата заплетканост на индикативните злоупотреби според наодите на истрагата во директна корелација била инволвирана и Царинската управа под чија капа за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1500 евра. Споредбено а за истата роба во последниот период по смена на раководството на царинска управа се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.

Она што најмногу е фрапантно е прашањето како директорите на УЈП Лукареска, директорите на Централен Регистар и тогаш на Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал? Од тие причини истрагата на полицијата, финасиското разузнавање, УЈП и Министерството за финансии за очекување е во предистрагата да ги вклучи и овие лица во овој случај на можен сторен епски криминал досега невиден во Македонската историја.

Решителноста на надлежните органи да се пресметаат со сите елементи кои го оневозможуваат развојот на државата мотивира се повеќе луѓе кои почнуваат да зборуваат и за овој случај кој се шири и до компании кои допираат до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace