Може да речам дека сум градски човек, но највеќе кога буричкам во мојата меморија ги вадам спомените кога сум бил nекаде во природа.
Прво, се возев на голем црвен комбајн во Делчево и ми влегуваа ситни пченични влакненца, кои после се незгодни.
Беше август и Голема Богородица.
Не ме фаќајте за датумот.
Се качивме со Lada Samara на Голак.
Таму беа стотици луѓе во шатори.
Падна ноќта и се гледаа Виница, Пехчево, а можеби и Кочани — не сум сигурен.
Имаше луѓе, кружеа по шаторите. Надојдоа разни луѓе, сврзавме муабет, и еден, кој сега го викам пророкот, рече: „Еден ден ќе бидеш силен раскажувач.“
Бев многу млад и ми се виде добар комплимент.
Ние, како формирани Битолчани со царевоселско потекло, бевме опседнати со висината од 2.600 на Пелистер и Голак ја потценувавме во нејзините околу 1.500.
Таа точно не беше планина со планинско студенило, разреден воздух; блага е планина, но од секого ја вади неговата срж.
Во сеопштиот распад разгледувавме некој планинарски дом, но најдобрите места во природата не се како во фото-календар — туку ги откриваш сам.
И таму, меѓу шаторите, првпат сфатив дека планината не гледа колку си висок, туку колку си гол.
Пишува:
Алекс Букарски
Алекс Букарски е писател од Битола, автор на збирката раскази „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ (Темплум, 2006), наградена на конкурсот „Новите!“, и на книгата „#Антианархистички манифест: Практичен пуч“ (2021). Пишува кратка проза, сатира и градски хроники.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час