БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Беким Сали во ирскиот Парламент: Проширувањето на ЕУ треба да донесе конкретни резултати за земјите кандидатки

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот Парламент и неговиот претседател, Бери Ворд, во рамки на официјалната посета на Ирска.

Во фокусот беа пристапувањето на Северна Македонија кон Европската Унија, приоритетите на ирското претседателство со Советот на ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда и можностите за постепена интеграција пред полноправното членство.

Министерот Сали го поздрави ангажманот на Ирска за задржување на проширувањето високо на европската агенда, нагласувајќи дека процесот мора да остане заснован на заслуги, предвидлив и поврзан со мерливи резултати. Тој посочи дека реформите во земјите кандидатки и институционалната подготовка на самата ЕУ треба да напредуваат паралелно.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во разговорите беа опфатени владеењето на правото, зајакнувањето на јавната администрација и подготовката на стратешките документи за преговорите. Министерот ја потврди посветеноста на Реформската агенда и Планот за раст, како и потребата од техничка поддршка и размена на искуства со администрациите на земјите членки.

Како пример за конкретни придобивки од постепената интеграција беше истакнато учеството во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА): според податоците наведени во материјалот за средбата, до септември 2026 година биле реализирани над 581 илјада трансакции во вредност од околу 11 милијарди евра, со проценети заштеди од над 5 милиони евра.

Беа разгледани и перспективите за намалување на трошоците за роаминг со ЕУ, соработката во дигитализацијата и потребата Повеќегодишната финансиска рамка 2028–2034 да обезбеди стабилна поддршка за реформите и инвестициите во земјите кандидатки.

Министерот Сали нагласи дека Северна Македонија останува посветена на дијалог за отворените прашања и на напредување на европскиот пат преку реформи, соработка и резултати што ги чувствуваат граѓаните и бизнисите.

Креирано од:


Пренеси го гласот