БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Симонова со свој коментар за одредени аспекти во врска со брзите кредити и казината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Луѓето велат: „Затворете ги брзите кредити!“ – како некој да им ставил нож под грло и со сила да ги натерал да земаат кредити.

Ајде малку реално да размислиме.

Во договорите што САМИ ги потпишуваат, јасно пишува колку пари земаат, колку треба да вратат и колкава е каматата. Како што добиваат известувања за кредитите од банките, така добиваат и за овие кредити.
Не оправдувам злоупотреби, незаконски камати, манипулации или намерно доведување на луѓето во заблуда. Не оправдувам ниту исплати во кеш без соодветна евиденција, каде што може да се крие криминал, ниту насилно физичко одземање пари. За наплата постојат законски процедури – исто како и кај банките.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но, да не се лажеме.

Ова е исто како со казината. Дали некој ве натерал со сила да влезете во казино? Дали некој ви ја ставил раката во џеб и ги извадил парите за храна, за сметките и за вашите деца?
Не! Во огромен број случаи, луѓето сами влегуваат, сами играат и сами го трошат семејниот буџет, надевајќи се дека следниот пат ќе ги вратат изгубените пари.
И потоа, кога ќе дојде моментот на соочување со последиците, виновни се казината, кредитите, државата, системот – сите, освен сопствените одлуки.

Казината најбрзо ќе се затворат кога никој нема да влегува во нив.
Истото важи и за брзите кредити.
Ако нема побарувачка, нема ни понуда. Ако никој не зема кредити, нема да има ни толку кредитни компании.
Но, додека има луѓе што свесно влегуваат во порочен круг, ќе има и компании што ќе го искористуваат тој пазар.
Затоа, наместо само да бараме затворање, треба да бараме одговорност, финансиска едукација, строга контрола и законска заштита од злоупотреби.

Заштитата на граѓаните е обврска на државата. Но, одговорноста за сопствените одлуки не може целосно да се префрли врз државата.

Не е секој што земал кредит жртва на измама. И не е секој што изгубил пари во казино жртва на насилство.

Понекогаш најголемиот проблем не е во тоа што некој ни ги нуди парите, туку во тоа што ние не знаеме да кажеме: „НЕ, ова не можам да си го дозволам.“

Пишува: Ана Симонова

Креирано од:


Пренеси го гласот