БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ без аргументи за скандалот со вратените претставници во НАТО се обидува со лични дискредитации и зборувајки за “ланскиот снег” да ја замајува јавноста

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По прес конференцијата на Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки за скандалот со враќањето на претставниците кои што ги праќа Радмила Шеќеринска и Стево Пендаровски во телата на НАТО Алијансата, од СДСМ излегоа со бледо партиско соопштение во јавноста во кое што нити нудат одговори на поставените прашања, ниту ја објаснуваат несаканата ситуација.

Наместо тоа се обидуваат со лични квалификации упатени до Ковачки да се извадат пред очите на јавноста од одговорност за нивните постапки, притоа зборувајки за теми од типот на “ланскиот снег” дека ВМРО-ДПМНЕ се виновни за нарушениот углед, имајки ги сите инструменти на моќ и влијание во државата.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на СДСМ во во кое што не нудат одговори на поставените прашања од интерес на јавноста:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба и во партиски интерес се обидува да ги наруши угледот на државата и Армијата. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и неговата партија беа на власт.

Тие се сработија токму кога тие заминаа во опозиција, и тоа од владата која толку сакаат да ја плукаат.

Срамно е овие теми да ги злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја. Ја држевте земјата 11 години во изолација, ги држевте војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови, заборавивте на НАТО. Сега кога сме членка на НАТО, кога војниците се финансиски обезбедени и мотивирани, се обидувате да злоупотребите безбедносни процедури да го урнисате авторитетот на вашите колеги, на Армијата и државата. Нема да успеете.”

-стои во соопштението на СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот