Во текот на изминатата седмица, како пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија поднесовме предлог на закон за измени и дополни на постоечкиот закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили и за членовите на нивните семејства.
Со овој предлог на закон, сакаме да исправиме 20-годишна неправда која ја има направено системот кон семејствата на загинатите и ранетите припадници на безбедносните сили.
Бидејќи станува збор за решавање на проблемот на мал број на семејства кои лутале низ лавиринтите на системот, односно за семејства кон кои државата мора да се оддолжи, а тргнувајќи од фактот дека одбраната на државата е обврска на сите без разлика на партиска или друг вид на припадност, очекуваме поддршка од сите пратенички групи и овој закон да биде ставен на дневен ред на првата следна седница и заеднички да го изгласаме.
Во прилог ги имате измените на законот.




-Фејсбук статус на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уставните судови на Македонија и Босна и Херцеговина ја зајакнуваат соработката со Меморандум и билатерална средба во Сараево
40 годишник од Кочани доби кривична пријава за нанесена телесна повреда врз неговата сопруга
Нов јавен повик за граѓанските организации во Општина Берово!