БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проактивниот став на Мицкоски за Преамбула со која се гарантира Македонската унитарност на државата ги збуни властите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во изјава за медиумите при својата посета на општина Бутел и реализираните проекти од програмата на градоначалникот Дарко Костовски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање го истакна својот став и ставот на опозициската партија во врска со предлозите на владеачките партии за промена на Уставот на државата.

Како што беше информирано и објаснето претходно за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив хрватскиот модел за формулирање на Преамбулата на Уставот така што уште еднаш Мицкоски ја појасни процедурата која што треба да започне од парламентот со иницијатива за утврдување на потребата за отварање на уставот каде што власта ќе види дали има или нема мнозинство од две третини пратеници во парламентот.

„Прво како се случува евентуалната интервенција во Уставот, има три чекори. Првиот чекор е во парламентот доаѓа иницијатива со која се утврдува потребата за отворање на Уставот. Тоа значи дека две третини од пратениците ќе гласаат за или ќе нема две третини за. Доколку има такви кои ќе гласаат за, тогаш следи вториот чекор тоа е формирање на уставна комисија која работи на амандмани и ги носи во парламентот тогаш се потребни мнозинство пратеници од вкупниот број или 61. И доколку има, тогаш повторно се враќаат изгласаните амандмани и се формира конечен текст и враќаат пак во парламент и тогаш се потребни две третини од вкупниот број пратеници. И тогаш некаде отприлика се потребни минимум 104 до 105 дена доколку во идеален случај процедурата почне од почеток до крај“,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Со ваквиот проактивен статус со кој се бетонира Македонскиот идентитет и интегритет на Македонскиот народ и државата Мицкоски го постави цоло и обединето ВМРО-ДПМНЕ на линија на борба против погубните политики на владеачките СДСМ и ДУИ и нивните сателити кои што 6 година по ред го крчмат Македонскиот идентитет за сопствен лукративен бенефит.

Креирано од:


Пренеси го гласот