Општина Македонска Каменица предводена од градоначалникот Димче Атанасовски вбризгува сериозни капитални инвестиции за развој на локалната економија и отварање на нови работни места за жителите на оваа општина на крајниот исток на државата. По упорната работа на изготвувањето на техничка документација и прецизирање на сите технички рамки како и обезбедувањето на потребните финансиски сретства, градоначалникот Атанасовски објави јавен повик за прибирање на понуди преку Бирото за јавни набавки за изградба на повеќе краци од улици во Индустриската зона во Македонска Каменица.
Станува збор за изградба на крак 1 на Дел 1 на Ул.,,Индустриска,, бр. 1 , крак 2 на Дел 1 Ул.,,Индустриска,, бр. 1 и крак 1 на Дел 2 на Ул.,,Индустриска,, бр. 1 за Стопански комплекс во општина Македонска Каменица со што ќе се излезе во пресрет на барањата на приватните стопанственици за овозможување на сообраќајна инфраструктура до парцелите наменети за развој на стопанството. Проценета вредност на инвестицијата која ќе биде реализирана во наредните 6 месеци без ДДВ изнесува 9.129.589,00 денари а огласот е отворен до 24 април за кога е закажано отварањето на понудите во рамки на огласот.
Ваквите инвестиции кои што ќе значат нов живот за стопанството во Македонска Каменица се реализираат паралелно со определбите на градоначалникот Димче Атанасовски за изградба и реконструкција на сообраќајниците на територијата во цела општина Македонска Каменица до секој дом во секое населено место како и уредување на јавните простори со што за само една година од неговиот мандат Македонска Каменица направи значителен исчекор напред.
Дополнително ќе следуваат многу нови проекти во наредниот период согласно воспоставената програма за работа на градоначалникот.
“ГРАДЕЖНИОТ БУМ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗАПОЧНУВА ОД ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА
Општина Македонска Каменица започнува со градеѓна офанзива насочена пред се кон одржлив развој на градот и руралните средини. Еден од врвните приоритети е сериозно инвестирање во Индустриската зона преку градење на соодветна инфраструктура. Денес е објавен Оглас за јавна набавка и очекувањата се дека овој проект ќе биде финализиран до почетокот на месец септември. Проценета вредност на проектот без ДДВ е: 9.129.589,00.”
-информираше денеска во јавноста градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уапсен 50 годишен граѓанин на Штип кој се заканувал и физички ја нападнал својата сопруга
ЈЗУ “Гоце Делчев” Делчево со значајни инвестиции од Владата, претендира да биде регионален здравствен центар за повеќе општини во иднина
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста