Kога сум заљубен не можам да пишам, не можам да дишам ништо не можам да прам. глупо чувство. проблемот е што не можеш ниедна мисла да замислиш до крај. Се се сведува на љубовта.
Многу вкочанета ситуација.
Кога луѓето ти зборуваат не ги слушаш. Не ги слушам и вака во повеќето случаи, ама сега па ич.
Пример цимерот ти вика, цимер ќе одам до ве-це припази на кафето. оди тој до ве-це, во меѓувреме ти целиот занесен, заљубен, и кафето ти претекува на решо… крива е љубовта.
Цимерот се враќа, те кара… другите луѓе не ја разбираат љубовта.
Мислат на своето кафе, на обврските кои им ги задале на другите… безуспешно е да им кажеш дека тоа си го згрешил поради љубов.
Ќе му изгледаш смешен. Сите велат дека веруваат во љубовта но најтешко е се чини да признаат дека причина за одредено невнимание како истекот на кафе може да биде љубовта.
Не сум го прашал цимерот но сигурен сум дека “ромео и јулиа“ или “титаник“ смета дека се големи љубовни приказни. не спорам дека се љубовни но не и големи.
Никогаш колку и да сум бил заљубен (а сум бил претерано двапати а можеби и три) не ми дошло да се самоубијам.
Знам дека во моментов постојат барем пет парчиња кои се подобри од неа од кои на три само штрак-штрак да им направам ќе дотрчаат. финтата е шо ме мрзи да го направам тоа.
Ете тоа е љубов.
Туку, за “титаник“… не е голема љубовна приказна затоа што едниот мрзнел во вода друг се тепал со фамилијата.
Тоа се се чини пристојни цени. најголема љубов е она која те натера да заборавиш едно никакво турско кафе да претечи. значи да бидеш онеспособен за една најнормална функција. во тоа е трагичноста на љубовта.
А во трагичноста сите бараат некаква големина…комедиите имено се за публика.
Пишува: Алекс Букарски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Еволуција – Гимназија
МОЖЕА ДА МЕ ПОВРЕДАТ, НО НЕ УСПЕАЈА ДА МЕ НАПРАВАТ ЧОВЕК БЕЗ СРЦЕ!
Македонецот сака брзи пари, ама не и брзање на работа