По прес конференцијата на Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки за скандалот со враќањето на претставниците кои што ги праќа Радмила Шеќеринска и Стево Пендаровски во телата на НАТО Алијансата, од СДСМ излегоа со бледо партиско соопштение во јавноста во кое што нити нудат одговори на поставените прашања, ниту ја објаснуваат несаканата ситуација.
Наместо тоа се обидуваат со лични квалификации упатени до Ковачки да се извадат пред очите на јавноста од одговорност за нивните постапки, притоа зборувајки за теми од типот на “ланскиот снег” дека ВМРО-ДПМНЕ се виновни за нарушениот углед, имајки ги сите инструменти на моќ и влијание во државата.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на СДСМ во во кое што не нудат одговори на поставените прашања од интерес на јавноста:
“Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба и во партиски интерес се обидува да ги наруши угледот на државата и Армијата. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и неговата партија беа на власт.
Тие се сработија токму кога тие заминаа во опозиција, и тоа од владата која толку сакаат да ја плукаат.
Срамно е овие теми да ги злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја. Ја држевте земјата 11 години во изолација, ги држевте војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови, заборавивте на НАТО. Сега кога сме членка на НАТО, кога војниците се финансиски обезбедени и мотивирани, се обидувате да злоупотребите безбедносни процедури да го урнисате авторитетот на вашите колеги, на Армијата и државата. Нема да успеете.”
-стои во соопштението на СДСМ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“