БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На 30 Септември масовен собир: Не! За Преспански договор, Не! За ЕУ, Не! За НАТО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На социјалните мрежи се организира настан за одбележување на годишнината од неуспешниот референдум за промена на името на Република Македонија.

Под мотото “Не! За Преспански договор, Не! За ЕУ, Не! За НАТО” во понеделник 30-ти Септември со почеток во 18.30 часот пред седиштето на Европската унија Македонскиот народ кој го бојкотираше референдумот минатиот 30 ти Септември ќе ја одбележи годишнината од денот кога не потклекна на поткупавањата, притисоците, заканите и уцените на актиелната власт за да излезе и гласа во прилог на МАНИПУЛАТИВНО поставеното референдумско прашање. Мнозинството граѓани на Република Македонија не излезе на Референдумот, си седеше дома, со што ги урна намерите на актуелната власт да го легализираат и легитимираат геноцидниот процес за самопоништување на цел еден народ.

Манипулативно поставеното референдумско прашање:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Р.Македонија и Р.Грција“

во себе ја содржеше замката за прифаѓање на Договорот од Нивици потпишан од Никола Димитров и Никос Коцијас како услов за влез во ЕУ и НАТО како наметнати стратешки определби на народот од страна на политичките елити во Република Македонија во изминатите повеќе години независност.

Мнозинството од Македонскиот народ се покажа достоен на својата историска улога и не даде поддршка на сопственото поништување како народ.

Овој ден (30-ти Септември) ќе остане светол датум во Македонската историја кога народот со молчење кажа што му е важно и за што се залага.

Неуспешниот референдум беше силен удар за целокупниот окупиран државан апарат во Република Македонија, октроиран од страна на странски центри на моќ (пред се САД , Германија, Италија, Велика Британија) со намера за легализирање на самуништувањето на Република Македонија и постоењето на Македонскиот народ од страна на самиот народ.

По пропаста на наметнатиот референдум на 30-ти Септември крокираната власт на Зоран Заев два дена беше во бунило, по што настапи операционализација на планот на странските дипломатско-разузнавачки структури за насилна промена на Уставот по пат на уцени и закани врз пратеници во Македонското собрание, за што беше сведок целокупната Македонска и светска јавност.

Настанот за одбележување на 30-ти Септември- Денот на НЕПОКОРОТ на Македонскиот народ е закажан да започне во 18.30 часот пред зградата на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија па со народен марш до Собранието на Република Македонија.

#НикогашСеверна

#СамоМакедонија

Да живее Република Македонија!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace