Според информации од порталот Лидер.мк иако директорката на театарот каде настана инцидентот со навивачката група “Шверцери”, Симона Угриновска најавила дека ќе им дозволи на новинарски екипи со свое присуство да ја евидентираат штетата направена во театарот, сепак ваквата најава не се реализираше.
Откако екипи на Лидер.мк и останати колеги се обидоа да влезат во театарот за да направат свои прилози, сепак од страна на обезбедувањето не им беше овозмежен влезот во салата каде се случи немилиот настам со образложение дека имало допис од директорката никого да не пуштаат внатре.
Новинарските екипи се вратија од пред влезот во театарот, оневозможени да ја вршат својата работа, што е прикажано во сл. видео:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!