Техничкиот Министер за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев пред малку на социјалните мрежи упати соопштение за спроведување на широка оперативна акција за спречување на синџир за трговија со дрога.
После подолг временски период ова е прва поголема акција за борба со криумчарењето со дрога на МВР која доаѓа по напуштањето на Министерското место на Оливер Спасовски во ова министерство.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата упатена во јавноста од страна на Министерот Накје Чулев во врска со оваа акција:
“Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога.
Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата.
Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!