“Ги повикувам сите припадници на безбедносните служби, Армија, Полиција (службеници со и без овластувања, војници, полицајци, началници, генерали) и сите останати да го проценат моментот и да дадат поддршка на натпартискиот и сенароден протест против бришењето на македонскиот народ денеска, Недела во 19.00 часот пред Влада.
На Македонците им треба обединување позади една партија – таа партија се вика Македонија.
Сега е моментот кога треба да се каже НЕ на асимилација на македонскиот народ.
Гордо, мирно, достоинствено, со масовност да покажеме дека Македонија на сите нам ни е над се’ и дека заклетвата што сме ја дале сме должни да ја спроведуваме секаде и секогаш.
Да не дозволиме криминалци и општествени отпадоци да не’ распродаваат како стока на пазар, да не’ понижуваат и да ни глумат визионерство.
Сега или никогаш!
-фејсбук статус на Полковник Драган Ковачки


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија