БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов најсовремен апарат за магнетна резонанца во хируршката клиника Св.Наум Охридски – продолжуваме со проекти за унапредување на дијагностичките процедури

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, каде е обезбеден нов најсовремен апарат за магнетна резонанца.

-Продолжуваме каде што застанавме заради локалните избори. Ова е уште еден имплементиран проект од Владата и Министерството за здравство, за унапредување на дијагностичките процедури, со цел овозможување здравствени услуги во реално време и со повисок квалитет, изјави министерот Алиу.

Директорот на клиниката, Небојша Настов истакна дека изминатата година во установата е обезбедена најсовремена медицинска опрема во вкупна вредност од 90 милиони денари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Со оваа нова генерација апарати за магнетна резонанца се скратува времетраењето на самите прегледи, се зголемува бројот на прегледи кои може да се извршат во еден ден. Со претходниот апарат стар 16 години се вршеа 4.000 магнетни резонанци на годишно ниво, а со новиот апарат очекуваме најмалку 5.000 снимања годишно. Покрај најновиот апарат за магнетна резонанца, имаме обезбедено и два нови лапароскопски столба и инструменти за трауматологија во клиниката, посочи директорот Настов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace