БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бадниковите поворки во Кочани и во Оризари ги поздрави градоначалникот Владко Грозданов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Околу 500 деца на возраст од 3 до 18 години годинава учествуваа на Бадниковата поворка што ја организира Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“ од Кочани.

Подготвувани за празничниот настан близу еден месец, учесниците со празнични песни посветени на раѓањето на Богомладенецот, поминаа од кочанскиот храм, преку централното градско подрачје до Градскиот плоштад, каде што во Општина Кочани беа пречекани од градоначалникот Владко Грозданов.

Кочанските коледарчиња добија од градоначалникот Грозданов симболични подароци, а тој им упати желби за здравје, радост и успеси и на сите православни христијани им го честита големиот празник, Христовото раѓање – Божиќ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Годинава, градоначалникот Владко Грозданов ја поздрави и за првпат организираната Бадникова поворка во Оризари, а со колачиња ги почести и оризарските дечиња.

Бадниковата поворка прераснува во голема народно-културна и духовна манифестација, посветена на радосното најавување на Христовото раѓање.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace