Последниве неколку години намалена е количината на мед и има недостаток од природен мед велат пчеларите. Во центарот на Скопје се одржа саем на медот на посебно поставени тенди на кои се промовира природен мед. Од друга страна, пчеларите велат дека медот се употребува многу, но тие се загрижени што граѓаните тешко ја воочуваат разликата меѓу вештачкиот и природниот мед, а ниските цени придонесуваат да имаме неквалитетен мед.
„Во Македонија се троши повеќе вештачки мед по фабрички методи отколку природен произведен од пчеларите. Тоа е така бидејќи до сега не е заштитена пчелата и производите од пчела со актуелните закони што постојат во Македонија“
– изјави Шабан Адеми – пчелар, за 21 тв.
„Медот во Македонија е квалитетен. Не треба да се употребуваат многу хемикалии, треба да се хранат правилно но не со многу хемикалии за медот да биде природен“
– изјави Далип Куртиши за 21 тв.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!