БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со тетовирање на крст на челото ги штителе жените од грабнување во Македонија

Пренеси го гласот

Како резултат на саможртвата на Спасителот Исус Христос, кој со ваквиот акт ги откупи гревовите на светот, во Христијанската доктрина, помеѓу другите нешта, крстот станал симбол на спасение. Во Македонија која што е спомената во Библијата неколку пати, улогата на крстот во текот на пет вековното Отоманско владеење е многу повеќе од само симбол. Американскиот весник “Републиката на Свети Луис” во статија од 5-ти Април 1903 година, пишува дека крстот бил спасение за Македонските жени:

“Тетовираниот крс ги заштитува жените. Жените- христијанки од Македонија обележани со крст на челото помеѓу двете очи.”

Според оваа статија, крстот бил тетовиран на сите девојки кои покажувале знаци на сексуална возраст или голема убавина, за превенција од нивно грабнување од страна на Турците.

Причините поради кои ваквите практики биле спроведувани се опишани во во статијата насловена “Македонски бегалци”, во илустрираниот прилог на весникот “Њу Јорк Трибјун” од 5-ти Април 1903 година.

“Било вообичаено во една од провинциите младите Христијански девојки да бидат грабнувани за во харемите на турските управители и други официјални лица на турската империја. Откако девојчињата ќе пораснат во жени мал крст бил тетовиран помеѓу нивните очи. Овој крст ги спасувал девојките од харемите. Многу мајки гледале како нивните девојчиња биле грабнувани од војската и ако некој се спротивставувал бул убиван на лице место.”

Така наместо убавината на нивните деца да биде причина за гордеење на нивните родители, таа била недостаток, наспроти секаде на друго место во светот.

Случаи на грабнување на жени од страна на Турците се споменуваат и во францускиот весник “Ла Вие Популар” во статија од 24 февруари 1903 година насловена “Криминалите во Македонија”.

“Ниту една жена не е заштитена од насилство и во голем број села биле пријавени случаи на грабнување”.

Во илустрираниот прилог на “Њу Јорк Трибјун” од 26 април 1903 година, праксата на тетовирање на крст на челото на младите Македонки се споменува повторно:

“Руралните жени со тетовиран крст помеѓу очите кога биле мали покажувале знаци на убавина и нивните родители ги бележеле (со крст) за да превенираат од грабнување од страна на турците за нивните хареми”.

Истиот весник пишува кратка но јасна реченица за тоа како тетовираниот рст ги спасувал младите Македонки од грабнување:

“Турците се гадат од крстот”.

Освен што Македонците од тоа време на тој начин се заштитувале себеси со помош на крстот, тие го штителе и Христијанството и одбивале да се потурчат и да станат муслимани.

Можеби најпознат пример за оваа пракса во историјата е случајот со Светата Маченичка Злата Мегленска, која што и покрај измачувањето и заканата со смрт одбила да го напушти христијанството и да стане муслиманка.

Грабнувањето на младите Македонки и нивниот отпор наспроти Исламот, било опеано во изворните песни од страна на Македонскиот народ.

Една од најпознатите Македонски драми во современа Република Македонија е драмата на Војдан Чернодрински- “Македонска крвава свадба” чиј основен мотив е токму грабнувањето на Македонска девојка.


Пренеси го гласот