БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција од партиската говорница на партијата зборуваше за поврзаноста на Зоран Заев со актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче.

“Секој ден сведочиме дека Венко Филипче е слуга на Зоран Заев. Зошто? Затоа што само бара изговори, бега од теми како реформската агенда, само за да му поминува бизнисот на газда Заев.

Наместо поддршка за реформи, за законски измени како оние секој пратеник да има само македонско државјанство, тие обвинуваат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И тоа кој обвинува? Лица кои се дел од СДС чиј самонарачен претседател, а реално слуга на Заев, Филипче дома му е Дубаи и Обединетите Арапски Емирати.

Почитувани, јасно е дека Филипче и неговиот газда Заев, се само пример за лоши политичари со погрешни приоритети.

Токму тие двајца го водеа системот кога СДС беше на власт, а на граѓаните им ветуваа правда, подобар живот, европска иднина. А, на што сведочеа граѓаните? На корупција, криминал, правосуден систем кој функционира по нивни диктат и секако многу лаги од типот почнавме преговори со Брисел, а почетокот не беше ни на повидок. Токму тие кои сега сакаат да зборуваат за патриотизам и државни интереси распродадоа се.

По создавањето на вакви проблеми, тешко е враќањето на вистинскиот пат.

Но, државата сега ја води ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се тука за секој еден граѓанин. Ако Филипче продолжи да го следи слепо патот кој му го трасира Заев само ги попречува демократските процеси, а воедно и напредокот на Македонија.”

-рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент Бране Петрушевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace