БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската СДСМ со свое соопштение упатено до јавноста уште еднаш се заложи за референдум во врска со работењето на рудникот за антимон во Крива Паланка.

Видовме дека зад секој поголем бизнис стои Мицкоски. Така е и со рудникот за антимон во Крива Паланка. Носители на проектот се донатори и блиски соработници на ВМРО.

Никој од власта не се грижи за здравјето на граѓаните освен на зборови.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Граѓаните мораат сами да одлучат.

Градоначалниче, референдум! Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат дали сакаат рудник за антимон во својот крај.

Не може повеќе бизнисот да биде главна тема.

Имаме страшни искуства од минатото со рудниците во Македонија, Крива Паланка има свој пример со загадувањето на реката.

Пред една година анализи покажаа дека концентрацијата на тешки метали, цијанид и други токсични материи во Крива Река беше десетици пати над дозволеното.

Дали граѓаните на Крива Паланка сакаат да се препуштат на „чувствата“ на Мицкоски дека „се ќе биде во ред“ или сакаат сами да одлучат?

Власта не е способна да се справи со 10 крави во паланечко, а камоли да го заштити целото население на Крива Паланка од труење.

Еден од најопасните рудници за животната средина се токму рудниците за антимон и литиум.

СДСМ јасно стои на страната на граѓаните: референдум за рудникот!”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace