БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се чистат дивите депонии во Делчево. Најава за 24 часовни контроли и казни од надлежните служби

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со соопштение од општинската администрација во Делчево најавија дека започнува чистење на дивите депонии на територијата на општината.

Притоа соопштуваат дека ќе се воведат 24 часовни контроли и инспекции на надлежните служби со изрекување на мандатни казни против несовесните граѓани.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на општина Делчево:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Согласно со Програмата за чистење на дивите депонии, Општина Делчево заедно со ЈПКД „Брегалница“ пристапија кон пролетно чистење на депониите.

Од денеска екипи на ЈПКД „Брегалница“ работат на расчистување на дивата депонија кај Попов Мост, а согласно со планот, ќе се чистат останатите критични локации во Општината, детектирани од Општинскиот инспекторат. Во Планот за чистење се дивите депонии кај Очипалска Река, депонијата на Градската Река, долниот мост на реката Брегалница во Делчево, депонијата Ралова Чука, депонијата која е создадена на патот за градската депонија, како и други критични места кои ја загадуваат животната средина и оддаваат лоша слика за општината.

Од Општинскиот инспекторат појаснуваат дека по расчистувањето на депониите, ќе бидат воведени засилени 24-часовни контроли кои ќе ги спроведуваат инспектори и редари од Општинскиот инспекторат и полициски службеници кои имаат надлежност по Законот за јавна чистота. За сите несовесни граѓани кои ќе продолжат со депонирање на отпадот на локации кои не се предвидени за депонирање отпад, ќе бидат изрекувани мандатни казни согласно со Законот за јавна чистота кои изнесуваат од 50 до 200 евра.

Инаку, најкритична е повторно состојбата со депонијата Ралева Чука кај с. Очипала. Оваа депонија е исклучиво наменета за депонирање градежен шут и со тоа не е дозволено депонирање на каков било друг комунален отпад. Со цел да се стави ред на оваа депонија, по расчистувањето, депонијата ќе биде и оградена.

Општина Делчево уште еднаш апелира за свесност на граѓаните и за почитување на животната средина со цел да се превенираат здравствени проблеми, но и да се придонесе кон модерен и урбан изглед на Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот