На денешната парламентарна расправа пратеникот Игор Јанушев на особено остар тон и реторика го критикуваше однесувањето на актуелното “т.н. парламентарно мнозинство” во чии што редови како што рече седат 8 луѓе на кои местото не им е во пратеничките клупи затоа што се избрани на нелегален и против деловнички начин. Со тоа според Јанушев собранието самото себе се делегитимира што според Јанушев е продолжение на безаконието и кршењето на уставот од страна на СДСМ и ДУИ во парламентот во изминатите 3 години.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на својот говор се обрати на пратениците од СДСМ и ДУИ и рече дека целата Македонска јавност знае дека се криминалци, рекетари, неспособни а сега покажале дека се и неписмени.
Во продолжение го пренесуваме целиот говор на пратеникот Игор Јанушев од денешната парламентарна расправа за новата Македонска влада:
“Во духот на транспарентноста, демократијата, почитувањето на правото како што љубат да кажат останатите овде денес седнати во првите редови, морам да укажам во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека во моментов во оваа сала во собранието на Република Македонија имаме 8 пратеници кои што немаат ниту легитимитет, ниту пак на легален начин им се верификуваше мандатот. И за тоа на минатата седница ви укажавме. Јасно и прецизно претседателе е пропишано во членот 17 кој на собранието му предлага верификација на мандатите по конституирањето на собранието. Имено во членот 17 е наведено дека верификацијата на мандат на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот на мандатот, собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Овие извештаи кои што ги добивме се како што може овде да види целокупната Македонска јавност, од верификационата комисија и впрочем од позади стои потписот на претседателот на верификационата комисија, која што согласно овој деловник на ова собрание престана да работи со завршувањето на конститутивната седница. И денес де факто во ова собрание имаме 8 луѓе на кои што местото на овој начин не им е тука. И затоа сте виновни вие што дозволивте тоа да се прави, како и ова овде во моментот т.н. парламентарно мнозинство
И на овој начин продолжувањето со работа на ова собрание и начинот на кој што ја закажавте оваа седница за избор на влада ќе фрли уште една огромна сенка на нелегалност и нелегитимитет. Но тоа е нешто што не не’ изненадува бидејки во изминатите 3 години освен незаконие, прекршување на уставот и законите не видовме ништо друго.
Покрај тоа што целата Македонска јавност знае дека сте криминалци, рекетари, неспособни сега покажавте дека сте и неписмени.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“