БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Николоски: Се гледаме на демонстрации, во Македонските градови и села, заедно да ја собориме оваа власт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денешната парламентарна расправа за избор на нова влада на Македонија започна а потоа и продолжи со остра спротивставеност на политичките субјекти во парламентот. Впрочем ваквата поларизирана атмосфера е одлика на поларизираноста на Македонското општество во кое егзистираат две доминантни спротивставени страни: Од едната страна е владеачката СДСМ си сите свои инструменти на моќ преку кои го манифестираат своето самоволие и беззаконие и од другата страна потиснатите граѓани кои што се под ударот на сиромаштијата, државниот терор и притисок врз поединецот, заканата за нивното здравје од заразата со Ковит 19 и големата неизвесност што ги очекува во периодот кој што претстои. Елитизмот и видливата надменост на врвот на СДСМ во парламентот е слика и прилика за останатите втор и трет ешалон на досегашната власт кои што се однесуваат конформистички во нивнате секојдневна комоција и власт.

Пратеникот Александар Николоски во своето обраѓање кон парламентот и целокупната Македонска јавност направи кратко резиме за сите причини зошто предложената листа на владини функционери на чело со Зоран Заев не треба да биде избрана од парламентот.

Николоски своето обраќање го започна со спротивставување на брзањето на парламентарното мнозинство за свикување на оваа седница што го оквалификува како обид да се затскрие од граѓаните вистинската причина за ваквото брзање за изгласување на владата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Николоски на самиот почеток од својот говор пред македонскиот аудиториум веднаш ја разобличи предложената листа за владини функционери како влада на лагата.

“Оваа коалициона влада во суштина е влада на лагата. Затоа што СДСМ во изборите ветуваше коалиција без ДУИ а ДУИ ветуваше премиер.
Заради коалиција без ДУИ дел од гласачите гласаа за СДСМ а заради премиер дел од гласачите гласаа за ДУИ. Денеска гледаме дека ветувањата не важат, денеска гледаме дека ветувањата важат до завршување на изборната кампања и дека после тоа на сцена стапуваат интересите.
И затоа е ова коалиција на лагата.”

-ги делегитимираше Александар Николоски предложените владини функционери од кои што треба да зависи иднината и секојдневието на секој еден Македонски граѓанин во претстојниот период.

Тој соопшти дека оваа коалиција е континуитет на корупцијата и криминалот во врвот на власта кој што Македонските граѓани го преживееја во изминатите три години.

Понатаму тој низ таксативно набројување ги образложи фактите и аргументите зошто оваа влада не треба да биде избрана. Почнувајки од проблематичниот предизборен и изборен процес, како и потрошеноста на старите кадри на СДСМ и ДУИ во изминатите години, тој ги изнесе и катастрофалните економски показатели според кои Македонија е направена руина на економски пустош и уназадување- тренд кој што со континуитетот на старо-новата влада ќе продолжи да се продлабочува.

Во делот на надворешната политика Александар Николоски изрази своја надеж дека Македонија конечно ќе почне преговори со ЕУ, по што упати две прашање кои што директно произлегуваат од стравот на Македонските граѓани во врска со деградирањето на Македонските национални интереси со договорот за добрососедство со Бугарија. Првото прашање се однесуваше на ветото кое што Бугарските власти го најавија за евроинтегративните процеси за Македонија и второто прашање кое се однесуваше на признавањето на Македонскиот јазик како и клучните национални херои.

За крај на своето обраќање Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски соопшти:

“Ќе се гледаме по македонските градови и села, затоа што ова е коалиција на лагата. Оваа коалиција ќе биде срушена на масовни демонстрации по Македонските градови и села кои што ќе почнат уште оваа есен, затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, капацитет за реализација на ветувањата нема, а во исто време народот се чувствува излажан и несоодветно претставен во оваа влада.

Се гледаме на демонстрации, се гледаме во Македонските градови и села, заедно да ја собориме оваа власт која што ќе е влада со најкраток мандат во историјата на независна Македонија.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace