БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

5- катна зграда во Шангај прошета до нова локација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Петкатница која што била изградена во 1935 година на почетокот на октомври била целосно преместена од нејзината првобитна локација на друга локација, во областа Хуангпу во Шангај.

Случајните минувачи биле сведоци на оваа несекојдневна глетка на зграда која “шетала” по нивното соседство повеќе денови додека траело преместувањето.

85 годишната зграда која што во минатото била училиште била механички подигната над тлото во нејзината целосна структура со помош на технологија на механички папучи кои симулираат движечка машина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е најголем механички зафат од ваков тип кој што е некогаш спроведен за што на инжинерскиот тим му биле потребни околу 200 мобилни потпори под петкатницата.

Механичките потпори кои имаат улога на папучи биле групирани во две групи од кои додека едната група на папучи била подвижна другата стоела фиксно како потпора на зградата. На структурата на зградата биле инсталирани активни сензори за контрола на хоризонталните поместувања по висина на зградата за да не дојде до нејзина дестабилизација по вертикала односно отклонување на вертикалните столбови од нивната полиожба.

Преместувањето на оваа значајна историска зграда било неопходно поради имплементацијата на новиот урбанистички план според кој на постојната локација било предвидено да се гради голем бизнис комплекс на висококатници.

Погледнете го во продолжение овој вчудоневидувачки подвиг на кинеските инжинери кои стојат зад овој проект:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace