БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Додека грaдоначалникот на Делчево прави пат до ниви и шуми, цели населби во Делчево немаат улици, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Бидејки не видовме програма на Горан Трајковски пред изборите која содржи конкретни проекти, сега градоначалникот се обидува да реализира проект од програмите на неговите противкандидати. Веројатно уплашен од фактот што не реализираше ни 20% од неговата програма во претходниот мандат, Горан Трајковски го препознал патот Делчево-с. Тработивиште од програмите на ВМРО-ДПМНЕ како добар проект и започна истиот да го реализира.

И добро е што го препознал квалитетот на овој проект во програмите на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 и 2021, но треба да го запрашаме градоначалникот Трајковски колку е приоритет овој пат во моментот?

Дали улиците во населбата Ѕвегорска Река не се поголем приоритет за реализација од овој проект. Дали не е поважно жителите да добијат нормални улици до нивните домови додека се уште има неиселени граѓани во оваа моментално каллива и прашлива населба?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали пак не е поважно жителите на селата кои се уште имаат по некој жител да добијат асфалт наместо да се трошат на пари за асфалт до ниви и шуми?

Кога имаме во Делчево цели населби без асфалт како ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека асфалтирањето на пат до ниви и шуми во услови на огромна криза не е приоритет за реализација.

Цениме дека слепото препишување на проекти од програмите на ВМРО-ДПМНЕ од страна на градоначалникот Трајковски е показател на безидејноста и одлепеноста од реалноста за вистинските потреби на граѓаните.”

-Интегрален текст на соопштение упатено до јавност од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace